KIBSca - Дигитална доверба
КИБС-ИС » Најчести прашања
Како да направам резервна копија од мојот сертификат?

За имателите на сертификатите Верба К1 и Верба Про1 се препорачува секогаш да направат валидна резервна копија. Резервната копија е шифрирана датотека којашто го содржи приватниот клуч и сертифицираниот јавен клуч. Доколку Ви се случи да го изгубите Вашиот сертификат, да ви се расипе компјутерот или пак имате нов компјутер, Вие ќе можете да го импортирате Вашиот сертификат од направената резервна копија. Повеќе информации како да го направите ова прочитајте во соодветното упатство за користење на сертификат тука.

 
Верба К1 Верба К2 Верба Про 1   ВербаПро 2
Задолжителни податоците во сертификатот Име и Презиме
 e-mail адреса Држава
Име и Презиме
 e-mail адреса Држава 
Име и Презиме
 e-mail адреса Организација Држава
Име и Презиме
e-mail адреса
Организација
Држава
Можност за архивирање во датотека (резервна копија)
Да Не Да Не

Заштита на приватниот клуч
Лозинка (опционално) PIN
(задолжително)
Лозинка (опционално) PIN
(задолжително)

Зошто да користам безбедно средство за електронско потпишување (БСЕП) и кои се неговите предности?

БСЕП е надворешен медиум за чување на парот на клучеви и сертификатот. Предноста на БСЕП е во дополнителната заштита на Вашиот приватен клуч со којшто се креира Вашиот електронскиот потпис. Дополнителната заштита е во тоа што:
         - Приватниот клуч генериран на БСЕП е невозможно да биде експортиран надвор од БСЕП.
         - Кога се користи приватниот клуч задолжително се внесува PIN.
БСЕП обезбедува т.н дво-нивовска заштита: нешто што имате (БСЕП) и нешто што знаете (PIN).

Што е фраза за автентикација и за што се користи?

Фраза за автентикација е збор или реченица којашто ја внесувате во чекорот на преземање на Вашиот сертификат. Тоа е задолжителен податок и е со максимална должина од 32 карактери. Овој податок се користи во случај на обновување или поништување на сертификатот.  

Како да го поништам сертификатот без фразата за автентикација?

Доколку сте ја заборавиле Вашата фраза за автентикација, поништувањето на сертификатот може да го направи службеникот во регистрационата канцеларија на КИБС.
 
                1. Ако го поседувате приватниот клуч за сертификатот кој сакате да го поништите, тогаш испратeте потпишана електронска порака на e-mail адресата ca-pomos@kibs.com.mk во која ќе наведете:
                       • Име и презиме на носителот на сертификатот,
                       • e-mail адресата и
                       • серискиот број на сертификатот.

                2. Доколку не сте во можност да испратите електронски потпишана порака, треба да го отпечатите и пополните Формуларот за поништување на сертификат (линк до формуларот) и да го доставите до КИБС. Податоците потребни за поништување на сертификатот, можете да ги видите од нашата веб страница Услуги за сертификати со пребарување на Вашиот сертификат.

Како да платам?

КИБС прифаќа само денарски уплати на својата трансакциска сметка. Повеќе детали за налогот за плаќање се содржат во Формуларот за регистрација.    
   
Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

© 2016 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.