Code Signing сертификати
КИБС-ИС » Продукти » SSL сертификати » Thawte SSL Web Server сертификати


Што е Code Signing сертификат?

Code signing сертификат е дигитална потврда за автентичност и непроменливост на Вашите потпишани софтверски апликации или датотеки . Code Signing сертификатот обезбедува независна автентикација на потписникот на софтверот и глобална препознатливост. Со примена на Code Signing сертификат Вашите корисници се сигурни дека Вие сте автор на потпишаните софтверските апликации и дека тие не се видоизменети или компромитирани.
Code Signing сертификат за Microsoft Authenticode
Code Signing сертификат за Java
Code Signing сертификати за Microsoft Office и VBA
Code Signing сертификати за Adobe AIR

Microsoft® Authenticode® (Multi-Purpose)
Java®
Microsoft® Office VBA
Adobe® AIR®
Mac®




Кои податоци се потребни за аплицирање?

Информации за сертификатот: CSR податоци генерирани од Ваша страна и име на организацијата што ќе се содржат во Code Signing сертификатот.

Технички контакт: Име, адреса, телефонски број и email адреса на која ќе биде испратен сертификатот и порака со потсетник за обновување.

Организациски контакт: Име, адреса, телефонски број и email адреса на лицето кое е овластено да направи авторизација на барањето во текот на процесот на автентикација. Точни податоци ќе го забрзаат процесот на автентикација. Потсетник за обнова на сертификатот ќе биде пратен и на email адресата на ова лице.

Извршено плаќање: Платете со налог на сметката наведена во про-фактурата. Сертификатот ќе биде издаден откако ќе го потврдиме вашето плаќање. Доставете копија од налогот за плаќање за да го забрзате процесот.

Тековна состојба од ЦР: Тековна состојба на правното лице издадена од Централниот регистар на Република Македонија, не постара од 6 месеци, во оригинал или копија заверена кај нотар или копија со ознака „верно на оригиналот“ потпишана од управителот/директорот на правното лице, се доставува на македонски и англиски јазик.