КИБС-ИС » Продукти » Сервисни сертификати
Сертификатите за сервиси се издаваат исклучиво на правно лице за одреден сервис (услуга). Примената на овие сертификати во дигиталниот свет е пандан на примената на физичкиот печат на хартиени документи, односно нивната примена претставува ставање електронски печат. Сертификатите за сервиси се користат со цел да се гарантира автентичност на документи/датотеки подготвени и/или испратени од страна испраќачот (правното лице).



издаден на диск
важност од 1 до 3 години
осигурување од 50.000,00 евра
цена од 6.990,00 денари



 издаден на токен (БСЕП)
 важност од 1 до 3 години
 осигурување од 100.000,00 евра
 цена од 8.330,00 денари
 Зошто да купам Верба С сертификат?

Ако одговорот на некое или сите прашања кои следат е позитивен, тогаш имате силна причина од набавка на некој од сертификатите Верба С:
  • Дали имате потреба од доказ дека електронскиот документ е издаден од вас како правно лице?
  • Дали имате потреба од потврда за потеклото и интегритетот на електронскиот документ издаден од правно лице?
  • Дали имате потреба од автоматизација на процесот на ставање електронски печат на правно лице на електронски документи?
 Кој Верба С сертификат е соодветен за потребите на мојата компанија?

Во нашата палета сертификати Верба С, нудиме два типа: Верба С1 и Верба С2.

Советуваме: изберете сертификат Верба С1 ако процесот на работа инволвира автоматско потпишување (ставање електронски печат) на голем број електронски документи во низа. За овој сертификат, парот клучеви ќе биде генериран на дискот од компјутерот.

Советуваме: изберете сертификат Верба С2 ако процесот на работа инволвира потпишување (ставање електронски печат) на електронски документи, а за тоа е потребна дополнителна автентикација. За овој сертификат, парот клучеви ќе биде генериран на БСЕП токен (Безбедно средство за електронско потпишување).
Како да купам Верба С сертификат?

Процесот на купување започнува со притискање на копчето Купи покрај избраниот сертификат:
  • Пополнете ги податоците во веб формата кои се потребни за издавање на сертификатот.
  • Отпечатете ги формуларот и претплатничкиот договор.
  • Управителот/овластеното лице на правниот субјект треба да го потпише и завери со печат формуларот и претплатничкиот договор.
  • Подгответе Тековна состојба на правниот субјект: оригинал, или копија заверена кај нотар, или копија со ознака „верно на оригиналот“ со печат и потпис од управителот/овластено лице на правниот субјект. КИБС ИС прифаќа и тековна состојба во електронски облик, во pdf формат, дигитално потпишана од страна на Централниот регистар на Република Македонија. Документот не смее да биде постар од 6 (шест) месеци.
  • Подгответе налог за плаќање пополнет точно онака како што стои во информацијата дадена на крајот на печатениот формулар и платете го бараниот износ за добивање на сертификатот.
  • Сите наведени документи доставете ги користејќи поштенски услуги или курир, на адреса на Регистрационата канцеларија (РК) на Издавачот на сертификати КИБС објавена на http://www.kibstrust.mk/contactMK.aspx