KIBSca - Дигитална доверба
  • Цени на сертификати

  • Ценовник за Персонални сертификати
  • Ценовник за SSL сертификати
  • Ценовник на Сертификати за сервиси
  • Ценовник на дополнителни услуги
  • Начин на плаќање
  • Регистрациона канцеларија
  • Локални регистрациони канцеларии
  • Застапници
  • КИБС-ИС » Продукти » Временски печат и сервиси

    ВРЕМЕ Е ЗА МОМЕНТУМ

    КИБС АД Скопје е прв и единствен регистриран давател на услуги за временски печат (анг. Timestamp Authority – TSA) во Република Македонија. Под услуги за временски печат се подразбира креирање, верификација и прегледување на временските печати во читлив облик.

    Што е временски печат

    Временски печат е електронски потпишана потврда, од страна на издавачот на временски печати, за одредена содржина на податоци во точно одредено време и датум.

    Со временскиот печат се потврдува дека одреден податок постоел во одредено време. За таа намена, временскиот печат еднозначно ги поврзува претставата на податокот (т.е. неговата hash вредност заедно со идентификатор на hash алгоритамот) со одреденото време. Временскиот печат е потпишана структура која вклучува:

     Hash алгоритам и Hash вредност на податокот на кој е ставен временски печат;
     Датум и Координирано универзално време (UTC);
     Идентификатор на Издавачот КИБС Моментум;

    МОМЕНТУМ е временскиот печат издаден од КИБС.

    Системот за временска синхронизација за услугите за временски печати на КИБС, му гарантира на претплатникот испорака на временски печат со временска отстапка помала од 1 (една) секунда во однос на Координираното универзално време (UTC).

    Во рамките на КИБС, за Издавачот работат неколку уреди за генерирање на временски печат. Секој уред генерира временски печати во име на Издавачот, користејќи приватен клуч на КИБС, чиј соодветен јавен клуч бил претходно сертифициран од Издавачот на сертификати Keynectis.

    За кого е наменет временскиот печат:

     Правни лица
     Јавна администрација
     Физички лица 

    Временскиот печат може да се користи со цел да се означат:

     Внатрешни електронски документи, со што би се заштитиле од фалсификување;
     Разни документи во електронска форма испратени до канцелариите на јавната администрација;
     Договори испратени во електронска форма до банки, осигурителни и партнерски компании;
     Електронски документи зачувани во персонален компјутер, за заштита од фалсификување;
     Компјутерските програми за заштита од фалсификување;
     е-Фактури испратени до примачите;

    Придобивки:

     Заштита на интелектуална сопственост;
     Гаранција дека документите биле подготвени во точно одреден временски период;
     Безбедна интернет трговија;
     Заштитување на компјутерски софтвер од фалсификување;
     Загарантирана автентичност на електронските документи;
     Загарантирана автентичност на компјутерски програми;

    Технички предуслови

     Со цел да го користите временскиот печат, потребно е да имате апликација на која ќе се генерира SHA1 краток преглед на документот кој треба да биде означен со време.

    За подетални информации, Ве молиме контактирајте не на helpdesk@kibs.mk.

    Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

    © 2016 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.