KIBSca - Дигитална доверба
КИБС-ИС » Сервиси кои користат Верба сертификати
Сервиси кои користат Верба сертификати

Сервиси на е-Влада

Е-Даноци од ДДВ обврзници при поднесување на ДДВ пријави и даночни биланси, https://etax-fl.ujp.gov.mk.


Даночните обврзници регистрирани за целите на ДДВ, почнувајќи од 2013 година, имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци.

За да ги користите електронските услуги на УЈП, треба да се регистрирате електронски , при што задолжително го потпишувате документот со дигитален сертификат. За таа цел потребно е да набавите сертификат Верба К2 или Верба Про2 издаден на безбедно средство за електронско потпишување (USB токен). Во постапката за барање на сертификат, корисниците на системот е-Даноци, потребно е во формуларот за регистрација на сертификатот, да внесат е-mail адреса на лице која мора да се разликува од e-mail адресата пријавена во ЦР.

Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН), https://e-nabavki.gov.mk.

За спроведување на електронски постапки за доделување на договори за јавни набавки, корисниците на ЕСЈН потребно е да набават дигитални сертификати Верба Про1 или Верба Про2 за креирање на електронски потписи.

Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM http://www.exim.gov.mk

За да ги користат функционалностите на системот EXIM, компаниите треба, меѓу другите услови, да поседуваат дигитален сертификат од типот на Верба Про1 или Верба Про2. Во постапката за барање на сертификат, корисниците на системот EXIM, потребно е во „Резервирано поле“ од формуларот за регистрација за сертификатот, задолжително да внесат податок за единствен даночен број (ЕДБ) на правното лице.

Агенција за вработување на Република Македонија http://www.avrm.gov.mk


За да правното лице се регистрира како корисник на Системот за електронска пријава/одјава потребно е да поседува дигитален сертификат Верба Про1 или Верба Про2. Истиот сертификат се користи кога се пристапува на системот.

Клиенти на НБРМ

Барателите на Верба Про1 и Верба Про2 сертификати кои се корисници на апликаците на НБРМ, во „Резервирано поле“ задолжително да внесат податок за единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС).
Сервиси за е-Банкарство

Интернет банкарството Ви овозможува користрење на палета банкарски услуги на Вашата банка за физички и правни лица без оглед на времето и местото на кое се наоѓате.

Користењето различни дигитални сертификати за различни сервиси може да Ви биде трошок, да Ви предизвикува нелагодност во работењето од аспект на носење, чување, поддршка и обновување на важноста на сертификатите.

Доколку поседувате било кој сертификат од палетата на сертификати Вербa®, а ги користите за сервисите на
е-Влада
, во соработка со долу наведените банки Ви овозможуваме истите сертификати да ги користите и за сервисите на е-Банкарство.

Заштедете.

Комерцијална банка Уни банка NLB Тутунска банка Шпаркасе банка ХАЛК БАНКА Стопанска банка АД Битола банка Прокредит банка АД Скопје Капитал банка АД Скопје
Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

© 2016 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.