KIBSca - Дигитална доверба
КИБС-ИС » Сертификати » Персонални сертификати » Обнови ВЕРБА сертификат

Обнова на персонален дигитален сертификат е издавање на нов сертификат на претплатникот за ново генериран пар на клучеви, со исто карактеристично име од претходниот сертификат.

Пред истекот на важност на постоечкиот сертификат, претплатникот треба да поднесе барање за обнова на сертификатот, за да го одржи континуитетот на користење на сертификатот.

Само претплатник со валиден сертификат може да поднесе барање за обновување на сертификатот и тоа во периодот од 30 дена пред истекот на неговата важност.

Претплатникот поднесува електронско барање за обнова на парот на клучеви до КИБС идентификувајќи се електронски со својот постоечки сертификат. КИБС на тој начин повторно го потврдува идентитетот на Претплатникот. Личното (физичко) присуство на подносителот на барањето за обнова пред овластено лице на КИБС или пред нотар не е неопходно, доколку податоците во сертификатот или документот за лична идентификација поднесени во првичното барање не се променети.

Согласно членот 7 од Претплатничкиот договор за квалификуван сертификат , важноста на Договорот продолжува ако сертификатот издаден согласно овој Договор се обнови во согласност со Правилата на издавачот.

За да продолжите понатаму, потребно е да го имате инсталирано Вашиот сертификат заедно со приватниот клуч во интернет прелистувачот.
Со кликнување на копчето Обнови ќе ви биде побаран Вашиот сертификат за да електронски се идентификувате во процесот на обнова на сертификатот. Ова претставува доказ дека Вие го поседувате сертификатот заедно со соодветниот приватен клуч.



Доколку не исполнувате некој од условите за обнова наведени претходно, Ве молиме започнете процедура за добивање на нов сертификат кликнувајќи тука .

Забелешка: Во случај да имате проблем со отворање на веб страницата https://e-shop.kibstrust.mk во интернет прелистувачот Microsoft Internet Explorer Ве молиме да ја додадете во “Доверливи веб страни“, така што од менито Tools одберете Internet Options потоа во Security панелот кликнете на Trusted sites, Sites, Add.
Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

© 2016 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.