KIBSca - Дигитална доверба
КИБС-ИС » За нас
Клириншка куќа КИБС АД Скопје е првиот регистриран Издавач на сертификати (ИС) во Република Македонија. Почнувајќи од Јуни 2006 година, КИБС ИС издава квалификувани дигитални сертификати на физички и правни лица вклучувајќи субјекти од приватниот и јавниот сектор. Сертификатите на КИБС досега успешно наоѓаат примена во повеќе сервиси на е-Влада, како и во финансискиот сектор на Република Македонија.

КИБС ИС припаѓа на Меѓународната мрежа на доверливи соработници (хиерархија) на светскиот издавач на сертификати, VeriSign со посредство на ADACOM S.A. како филијала на VeriSign надлежна за Балканот.
Сите издадени персонални сертификати коренски се потпишани од VeriSign, што ја потврдува нивната доверливост и во меѓународни рамки.

КИБС ИС се појавува и во улога на застапник и продавач на широка палета на SSL (серверски) сертификати од светски признатите издавачи: VeriSign, GeoTrust и Thawte.

КИБС ги надополнува и подобрува услугите што ги нуди како Издавач на сертификати преку соработка со повеќе странски компании. Во деловните партнери на КИБС ИС се вбројува и водечкиот производител на безбедни средства за електронско потпишување, Gemalto.

Работењето на КИБС ИС е под надзор и акредитација на Министерството за финансии, согласно со одредбите од Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/2001, 6/2002) и сите подзаконски акти донесени врз основа на овој закон. Сертификатот за квалитет ISO 9001:2008 што го поседува КИБС потврдува дека квалитетот на понудените услуги ги задоволува и светските стандарди.

Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

© 2016 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.