Имате прашање или проблем?

ЧПП - Често поставувани прашања

За да импортирате сертификат во Internet Explorer (IE), прво треба да имате датотека од вашиот сертификат со екстензија .pfx или .p12, a потоа да ги извршите следните чекори:

Во IE, бирате Tools/Internet Options/Content/Certificates. Потоа во делот Personal, изберете Import, со што ќе се отвори волшебник(Wizard), кој ќе ве води во постапката за импорт. Изберете Browse, а потоа посочете ја патеката на датотеката на вашиот сертификат. Внесете ја лозинката која сте ја поставиле при правење безбедносна копија од сертификатот. Изберете Mark the private key as exportable и продолжете понатаму. Изберете ја опцијата „Automatically select the certificate store based on the type of certificate“, потоа избирајте Next и на крај Finish. Треба да добиете порака за успешно импортирање на вашиот сертификат.Сертификатот сега треба да се појави во Вашата листа на лични сертификати:

 

 

!!! Датотеката во која ќе го експортирате Вашиот сертификат и лозинката за истата зачувајте ги на безбеден надворешен медиум (надворешен хард диск, USB flash меморија, CD/DVD…)

За да направите безбедносна копија од Вашиот сертификат од Internet Explorer треба да ги извршите следните чекори:

Oд менито на прелистувачот кликнете на копчето Tools и селектирајте Internet Options/Content/Certificates. Потоа од табот Personal, изберете го Вашиот сертификат и кликнете на копчето Export:

 

Со кликнување на копчето Export се отвора волшебник (Wizard) кој ќе Ве води низ постапката за експортирање сертификат. За да продолжите кликнете Next, а потоа изберете ја опцијата „Yes, export the private key“ . Изберете .PFX формат за датотека во кој ќе се експортира сертификатот и изберете да се експортираат и коренските сертификати:

Внесете лозинка со која ќе го заштитите приватниот клуч. Поставената лозинка ја знаете само Вие, Ве молиме да ја запаметите или да ја запишете на безбедно место!

Потоа изберете локација и име на датотеката.

На крај, ќе добиете порака за успешно завршена акција.

Аплицирајте online

Отпечатете формулат.

Дојдете лично со ваш важечки документ за лична идентификација

....

PKI е надворешен медиум за чување на парот на клучеви и сертификатот. Предноста на PKI е во дополнителната заштита на Вашиот приватен клуч со којшто се креира Вашиот електронскиот потпис. Дополнителната заштита е во тоа што: 

         - Приватниот клуч генериран на PKI е невозможно да биде експортиран надвор од PKI. 

         - Кога се користи приватниот клуч задолжително се внесува PIN. 

PKI обезбедува т.н дво-нивовска заштита: нешто што имате (PKI) и нешто што знаете (PIN).

Фраза за автентикација е збор или реченица којашто ја внесувате во чекорот на преземање на Вашиот сертификат. Тоа е задолжителен податок и е со максимална должина од 32 карактери. Овој податок се користи во случај на обновување или поништување на сертификатот.  

За да импортирате сертификат во Mozilla Firefox, прво треба да имате датотека од вашиот сертификат со екстензија .pfx или .p12, a потоа да ги извршите следните чекори во веб прелистувачот Моzilla Firefox:

Од горниот десен агол изберете Options, потоа од менито на левата страна изберете ја опцијата Privacy & Security, отидете најдолу, притиснете на копчето View Certificates. Од табот Your Certificates  изберете го копчето Import, потоа посочете ја патеката на датотеката на вашиот сертификат. Внесете ја лозинката која сте ја поставиле при правење безбедносна копија од сертификатот.Треба да добиете порака за успешно импортирање на вашиот сертификат.

Сертификатот сега треба да се појави во Вашата листа на лични сертификати:

!!! Датотеката во која ќе го експортирате Вашиот сертификат зачувајте ja на безбеден надворешен медиум (надворешен хард диск, USB flash меморија, CD/DVD…), a лозинката запомнете ја!

За да направите безбедносна копија од Вашиот сертификат во Mozilla Firefox треба да ги извршите следните чекори:

Од менито на прелистувачот, во горен десен агол изберете Options, потоа од менито на левата страна изберете ја опцијата Privacy & Security, отидете најдолу, притиснете на копчето View certificates.

Потоа, изберете го вашиот сертификат и кликнете на копчето Backup

Изберете локација и формат(.p12) каде што ќе се зачува датотеката, внесете име на датотеката. Изберете Save. Внесете лозинка со која ќе го заштитите приватниот клуч, кликнете OK. Поставената лозинка ја знаете само Вие, Ве молиме да ја запаметите или да ја запишете на безбедно место! 

На крај ќе добиете порака дека успешно сте го бекапирале вашиот сертификат и приватниот клуч:

 

Софтвер и драјвери

Минидрајвери за Gemalto ID Prime (.NET и MD) PKI токени: (Минидрајверите се потребни за Internet Explorer)

PKCS#11 Библиотеки за Gemalto ID Prime (.NET и MD) PKI токени: (Библиотеките се потребни за Mozilla Firefox, како и за веб сајтот на E-даноци: https://etax-fl.ujp.gov.mk/ )

Софтвер за работа со Gemalto Java PKI токен (овој софтвер е потребен за Internet expolorer и за Mozilla Firefox)

;