VerbaSign

Verba Seal

Квалификувани сертификати за е-ПЕЧАТИ

Електронските печати служат како доказ дека електронски документ е издаден од правно лице, со што се обезбедува сигурност за потеклото и интегритетот на документот.

Електронски документ на кој е ставен квалификуван е-печат го има истото правно дејство како и хартиен документ врз кој е ставен гумен (воден) печат на компанија.

Сертификатите VerbaSeal го штедат Вашето време и средства.

Компаниите користејќи е-печат, можат да процесираат голем обем на документи како што се е-фактури, договори, согласности итн.

Ставањето електронски печат е можно кај следниве два начини на работа:

  • Автоматизиран начин на работа, при што сертификатот за електронски печат е зачуван на безбеден начин на сервер или HSM уред и ставањето електронски печат е управувано од некоја апликација (на пример апликација за фактурирање).
  • Мануелен начин на работа, при што сертификатот за електронски печат е зачуван на PKI токен чиј пристап е заштитен со внесување ПИН. Електронскиот печат се аплицира со човечка акција.

Можни сценарија на употреба на електронски печат Verba Seal

Електронскиот печат Verba Seal може да биде придружен со квалификуван временски печат Momentum со што документот и електронскиот печат се врзуваат за точно определено време, воспоставувајќи доказ дека документот постоел во моментот на ставањето електронски печат и може долготрајно да се архивира.

Автоматско ставање електронски печати на големи количества на документи за да се обезбеди сигурност на нивното потекло и интегритет(правно обврзувачки документи, фактури, применливи законски услови, писма, решенија за парични казни...)

Ставање електронски печат на електронски записи за да се обезбеди сигурност на нивното потекло, интегритет и нивното постоење во одредено време(договори, финансиски извештаи, записи (logs) на датотеки во индустријата на услуги во облак, архиви, записи генерирани од системите за следење, податоци поднесени преку мобилна апликација, барања за осигурување...)

Автентикација на дигитални средства на правно лице(авторски дигитални слики, дигитални планови...)

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.