УСЛУГА

Momentum

Временски жиг го гарантира точниот датум и време на потписите на документ, трансакција, дадена или повлечена согласност и го продолжува животниот век на потписот и по истекот на сертификатот за потпишување.

stamp

Основа на услугата е издавање на долгорочни сертификати за временски жиг. Со нив гарантира постоење на документ или трансакција во точниот датум и време претставени во временскиот жиг.

Потреба од KIBSTrust
Momentum

Начин на примена на KIBSTrust Momentum

Корисниците кои сакаат да додадат временски жиг на PDF документи кои се потпишуваат со лични или професионални дигитални сертификати или електронски печати користат апликации кои генерираат електронски отпечаток (hash) од документот во својот компјутер. Овој електронски отпечаток се испраќа до издавачот на временскиот жигови Momentum.

Издавачот на временскиот жиг неможе да ја дознае содржината на документот преку содржината на електронскиот отпечаток.

Корисниците кои сакаат да го поврзат потпишувањето или трансакцијата со квалификувано време, треба да го додадат квалификуваниот давател на временски жигови Momentum како извор на време во своите апликации. Потребно е при секое потпишување корисникот да овозможат да се креира POST порака усогласена со протоколот RFC 3161 кон серверот http://momentum.kibstrust.com/.

За ставање временски жиг на други типови документи постојат други различни методи на работа.

Опис на услугата

Услугата KIBSTrust Momentum е сообразна со регулативата на Македонија (MK-eIDAS) и ЕУ (eIDAS) даватели на услуги за квалификувани временски жигови.

Поддржани протоколи: IETF RFC 3161 и IETF RFC 3268

Профил на временски жиг и политики сообразни со: ETSI EN 319 421, ETSI TS 319 422 и CEN TS 419 261 и други предвидени за издавачите на квалификувани временски жигови.

Пристап до услугата и временска точност.

Барањата за квалификувано време се примаат преку интернет од корисниците и обезбедувачите на услуги кои сакаат да стават временски жиг на електронските документи или трансакции.

Генерираниот временски жиг го вклучува времето на барањето, хеш на потпишаните податоци и уникатен регистарски број за цели на ревизија. Ревизорските дневници за издадените временски жигови, за квалитетот на работа и статусот на системот се чуваат согласно регулаторните барања.

Минимална временска точност издадениот временски жиг спореден со UTC е ± 1 секунда.

Предности кои ги носи квалификуваниот временски жиг.

  • Правни гаранции. Временскиот жиг дава правен доказ дека документот не е модифициран од моментот на неговата примена.
  • Тој гарантира целосен интегритет на архивираниот документ, целосно гарантирајќи дека неговата содржина не е изменета или заменета од моментот на примената на временскиот жиг.
  • Ја подобрува конкурентноста на вашата компанија нудејќи подобра безбедност за вашите клиенти и снабдувачи.

Електронски временски жиг и негова примена

Постојат многу активности и односи во јавната и приватната сфера кои го користат механизмот за сертификација со временски жигови

Гаранција во спорни ситуации.

Во процес при архивирање документи.

Заштита на интелектуална сопственост во случаи кога се докажува плагијат.

Во осигурителниот сектор или кога се активира осигурување за да се поддржат форензичките докази во случај на тврдења, на моментот кога се направени клучните фотографии, аудио или видео записи.

Деловен модел

За приватни корисници и деловни корисници со помал обем на користење на услугата Momentum погоден е деловниот модел инкорпориран во порталот SignPlus. Купете кредити и користете ги за ставање временски жигови на поединечни документи. Повеќе за работата и функционирањето на порталот SignPlus ќе најдете тука

За корисници со поголем обем на користење на услугата Momentum погоден е деловен модел со користење на ограничен или неограничен број времеснки жигови во пакет. Комерцијалните услови се наведени подолу.

Комерцијални услови

Одберете пакет и пратете порака на helpdesk@kibstrust.com

Momentum 2

КОЛИЧИНА НА ЖИГОВИ 1.000
ЦЕНА со ДДВ  2.900 ден

Momentum 3

КОЛИЧИНА НА ЖИГОВИ 10.000
ЦЕНА со ДДВ 26.020 ден

Momentum 4

КОЛИЧИНА НА ЖИГОВИ 50.000
ЦЕНА со ДДВ  101.190 ден

Momentum 5

КОЛИЧИНА НА ЖИГОВИ > 50.000
ЦЕНА ПО ДОГОВОР

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.