Процес на порачка
Сертификат за физичко лице овластено од правното лице VerbaSign Pro
Начин на аплицирање
-
Изберете тип на сертификат Табела за примена на е-потпис
-
Пополнување на порачка, во полињата име, презиме се внесуваат податоци со латинични букви како од документот за лична идентификација на носителот на сертификатот.
-
Во податоци за идентификација на правното лице се внесувата податоци на компанијата како во Тековна состојба.
-
Се избира „Генерирај порачка“ по што генерираните документи во .Pdf формат се печатат
-
Се одбира опција за плаќање:
- OnLine плаќање со платежна картичка;
- Готовинско плаќање на ПОС Терминал во канцеларијата на Издавачот или
- Вирманско плаќање со налог во банка, про-фактура добивате по направената порачка
-
По генерирање на порачката, носителот на сертификат добива е-порака во која се наведени документите кои треба да ги поднесе во Регистрационата канцеларија на КИБС (РК) или кај нашите Застапници.
-
Рокот на поднесување на документи е 30 календарски дена од денот на е-поднесување на порачката за сертификат.
Начин на потврдување на идентитет:
Идентитетот на физичкото лице на кое се издава квалификуван сертификат и на управителот на правното лице се потврдува на еден од следниве начини:
-
Со лично присуство на носителот на сертификат и управителот на правното лице во РК/Застапник на КИБС, каде што:
- Приложуваат документ за лична идентификација (лична карта или пасош) ;
- Го потпишуваат образецот "Порачка и договор" пред службеникот;
-
Доколку носителот не е во можност лично да дојде во РК/Застапник на КИБС, тој / таа мора лично да оди кај нотар и пред нотарот да го потпише документот ,,Пoрачка и договор” за кој нотарот ќе направи нотарска заверка.
-
Доколку управителот не е во можност лично да дојде во РК/Застапник на КИБС, тогаш за тој/таа:
- Се приложува нотарски заверена копија од ЗП образец, или
- Се приложува нотарски заверена ,,Пoрачка и договор” на која фигурира дека управителот лично пред нотар ја потпишал документацијатата.
Начин на издавање на сертификат
Verba SignPro Adv
- Барањето се одобрува веднаш по доставувањето на целокупната документација во РК/Застапник на КИБС од страна на овластен службеник.
- Носителот на сертификат во е-порака добива насоки за инсталација на сертификатот на дискот од компјутерот.
Verba SignPro PKI Token
- Постапката на издавање и преземање на сертификат во токен, се врши во РК/Застапник на КИБС веднаш по одобрување на сертификатот од страна на овластен службеник и се предава лично на носителот на сертификат или на ополномоштеното лице.
- Носителот на сертификат во е-порака добива насоки за инсталација на драјвер и кориснички пин за пристап до сертификатот во токенот.